bannedBooksWeek          Дали се сеќавате на Декстер, детето гениј, главниот лик на популарниот цртан филм „Dexter’s laboratory“на ТВ-мрежата Cartoon Network и на неговиот неуспешен обид да студира на колеџ? Генијалниот, амбициозен, опсесивен, тврдоглав , малолетен и емоционално недораснат Декстер не успеа да го сфати и прифати ритамот на студирање на колеџ и покрај јасните укажувања на неговиот цимер Габриел дека брзо ќе прегори од многу учење.

          Јунската сесија е на својот крај – и сите сме благодарни за тоа. Сега се сумира што е направено, кој план е исполнет, а кој не, со колкав успех е исполнет планот за јунската сесија, кој колку е задоволен од постигнатото. Некој ќе биде многу задоволен, некој делумно, а некој воопшто нема да биде задоволен.

          Но, сите имаат нешто заедничко. Сите се изморени и исцрпени – и задоволните и незадоволните. На сите им треба одмор! Сите ги чека августовско-септемвриската сесија. Hannibal ante portas – втор дел!

          Затоа во јули сите треба да го прифатиме советот на Габриел, цимерот на Декстер: Party now, study later!download

          Барем неколку дена (на пример пет) дајте си можност да се опуштите, да не мислите на ништо што е поврзано со испитите. Ова се однесува особено на оние од вас кои не се задоволни од јунската сесија и кои чувствуваат голем притисок пред августовската сесија. Без чувство на грижа на совеста барем пет дена не правете никакви планови, не им се приближувајте на книгите за учење. Ако имате можност отидете некаде со вашите пријатели, полнете ги батериите, бидејки ќе ви требаат за во август.

          Заморот е физиолошки одбранбен механизам на организмот. Се јавува со цел да го заштити организмот од повреди – физички и психички. Разумно е да го почитуваме. Ако сега го игнорираме, (Study now, party later) многу брзо ќе се покажат неговите ефекти – а тие секогаш се во правец на заштеда на енергија и одбрана на организмот, а спротивни на плановите, желбите и на амбициите. Така, учењето ќе биде неефикасно, а физичкото и психичкото здравје ќе страдаат. Единствено што ќе се постигне ќе биде илузија на одговорност и алиби оправдување за предвидениот не сакан, но очекуван неуспех.

          Не бидете како Декстер, бидете како Габриел.

images