На 25 ноември  (среда) во терминот од 16 до 18 часот,  ќе се одржи последната од  циклусот работилници „НиеIMG_20150930_171009~2 можеме“ посветени на личниот раст и развој на студентите по медицина, во организација на Советувалиштето за студенти по медицина и ЕМСА- Македонија.

Студентскиот синдром е синоним за академска прокрастинација т.е одложување. Постојаното одложување на почнување на некоја работа и неистрајноста во вршење и завршување на задачата секогаш имаат негативни ефекти врз успехот, а подоцна и врз здравјето на прокрастинаторите. Колку подолго трае оваа навика, толку се  посериозни последиците.8

Целта на оваа работилница е да се расветлат  причините за студентскиот синдром, неговите негативни ефекти врз академската ефикасност и здравјето на студентите и да се дискутираат стратегиите како да се победи.

Низ интеракција преку игра  ќе се работи на јакнење на довербата, комуницијата и заедништвото меѓу учесниците со цел да се обезбеди заедничка поддршка за намалување на негативните ефекти на двата екстреми на студентскот однесување.

За деталите околу организацијата на работилницата заинтересираните ќе ги добијат сите потребни информации во ЕМСА – Македонија.

Се гледаме!