Советувалиштето работи според претходно закажан термин и од 12 до 14 часот во вторник и четврток.

Советувањето се одвива во поединечни сеанси со времетраење од 45 минути. Вкупниот број на поединечните сеанси се движи од 3 до 10, со честота еднаш седмично, во зависност од тежината на проблемот и потребите на студентот. Доколку е неопходно студентот ќе се препрати понатаму во соодветна релевантна здравствена институција.
Евиденцијата на случаите е доверлива. Студентите доаѓаат во советувалиштето анонимно.

Едукативната активност ќе се одвива со организирање на една до две работилници годишно.

Советувањето и едукацијата се бесплатни за студентите на Медицинскиот Факултет.