„Ќе почнам утре, има време“you_are_not_running_out_oftime.jpeg.size.xxlarge.letterbox

Модерно, странско име (прокрастинација) за однесување кое што му е познато на секој што требал нешто да сработи. Како и повеќето странски зборови и  овој има потекло во латинскиот глагол „procrastinare“, што буквално значи „за утре“. На македонски јазик значи одложување, „влечкање“, барање изговори за да не се сработи работата веднаш, туку да се остави за подоцна и тоа се додека е можно, а понекогаш и воопшто да не се сработи, особено ако не е интересна, ако е досадна или мачна. Тоа е во природата на човекот.

Одложувањето на почетокот на подготвувањето на испитите стручно се нарекува академска прокрастинација или студентски синдром и претставува вообичаен облик на однесување на студентите во целиот свет. Таа претставува волево одложување на активноста која имаме намера да ја оствариме, и покрај очекувањето дека нештата ќе се влошат поради тоа. Причините за ова однесување потекнуваат од самата личност (црти на личноста – невротицизам, импулсивност, депресивност, недоволна мотивација, неразрешени внатрешни конфликти), но и од природата на самата задача што треба да се заврши (колку е таа интересна, кое е значењето на задачата, колку таа ќе донесе награда и кога).

Одложувањето секогаш е следено со високи нивоа на анксиозност, кои можат да бидат мотивирачки до одреден степен, а над тој степен вообичаено ја блокираат личноста за било каква конструктивна активност. Триесет до педест проценти од студентите константно ги одложуваат работите и имаат проблеми поради тоа.

procrastination-breaking-habitНа медицинските факултети најголем број од студентите имаат навики спротивни на горе опишаните што се должи на силната мотивација, желбата за успех, компетитивноста, стекнатата работна навика. Сепак, тежината на предметите и бројот на испитите можат да делуваат застрашувачки и непремостливо.Првото негативно искуство (паѓање на испит) може да биде страшно.

Одреден број студенти од страв од неуспех, како резултат на негативно искуство или едноставно поради тоа што сметаат дека сега кога се возрасни можат сами да одлучуваат за себе и за своите планови влегуваат во стапицата на прократинацијата. Потоа следи демотивација и потреба да се избега од преголемиот товар. Тогаш почнуваат проблемите, а ако одложувањето се оддолжи проблемите се натрупуваат.

Кои се последиците од константната прокрастинација?

Секогаш има:

-намалена академска ефикасност (ниски оцени, паднати испити, неприсутност на настава, испишување од факултетот) и

-високи нивоа на стрес:

-висока анксиозност која води до парализирачко непреземање на ништо ( „Сега и така е доцна, ќе паднам сигурно, не вреди“)

-панични напади, страв од испити,

-чести разболувања (настинки, главоболки, постојан замор)

-беспомошност, депресија, чувство на помала вредност, недостаток на самодоверба

-раздразливост, фрустрација, повлекување и уште повеќе неучење

-нарушени односи со родителите, колегите, пријателите

Што може да се стори во врска со проблематичното одложување?

Прво да си признаеме сами на себе дека има проблем, а потоа:

Веднаш да се почне со работа!

За да се почне со работа треба да се мисли позитивно:

-Не е безнадежно!

-Не е доцна!

-Ти го можеш тоа! Те бива!

-Ти сакаш да го правиш ова!

-Ќе постигнеш ако почнеш сега!sad_student_photo-prv2

-Подобро се работи кога не си под притисок!

-Убаво ќе се чувствуваш кога ќе успееш!

-ВРЕДИ!

Совети за запирање на навиката за одложување:

-Направи листа на сите обврски што треба да се завршат.

-Подреди ги според датумите кога треба да се завршат.

-Одлучи што прво треба да се заврши и ЗАВРШИ го тоа.

-Подели ги големите задачи на помали и зафати се со малите една по една.

-Пред да почнеш да учиш, отстрани ги сите нешта што можат да ти го одвлекуваат вниманието.

-Секогаш учи на исто место.

-Не станувај од работната маса барем 30 минути.

-Некој нека ти помогне да почнеш со работа.

-Најди си партнер за учење и проверувајте до каде сте стигнале со материјалот.

-Направи си го учењето интересно.

-Награди се за секој реализиран план.

-Не се опуштај додека на ја завршиш работата.

-Одреди си свој рок порано од вистинскиот.

Со среќа и со успех во учењето и на колоквиумите!