Советувалиштето за студенти при Кабинетот за психофизиологија, при Медицинскиот Факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” го води д-р Сања Манчевска, специјалист по психијатрија и професор по предметот физиологија.

Во склоп на тимот на Советувалиштето има и дипломиран педагог, дипломиран доктор по општа медицина и повеќе студенти волонтери. Волонтерите при Советувалиштето за студентите по медицина, земајќи го фактот дека некои од нив имаат одредено искуство од областа на „работа на себе“ , имаат за цел да ја прошират идејата за важноста на советувањето и барањето помош во услови на стрес и потешкотии, било тоа да се проблеми со учењето, семејни или здравствени проблеми, да ги запознаат и доближат колегите до Советувалиштето и да го направат процесот на советување поприфатлив, да ги ажурираат информациите на Фејсбук фан-страната, блогот и инстаграм профилот на Советувалиштето, како и учество во организација (од идеја до реализација) на работилници и други промотивни активности  во текот на целата академска година.

Педагогот, во соработка со студентот, изнаоѓа различни техники за учење прилагодени за секој студент индивидуално, како и креирање на планови за полесно совладување на материјалот во зависност од профилот на студентот и комплексноста на материјалот.

Д-р. Манчевска води индивидуални сеанси на советување (психијатриско интервју, процена и советување) со претходно закажување на термин за сеанса.