1.Процена на состојбата. Дали е страв од испит или е социјално анксиозно растројство.
2.Поддршка
3.Психоедукација на студентот и на целото семејство
4.Фармако (Витамин Б6, Магнезиум, Седативи од растително или хемиско потекло) и психотерапија
5. Сон
6.Техники за релаксација (автоген тренинг)
7.Трпение

Тие што страдаат од страв до паника пред испит треба:
-ноќта пред испитот да се наспијат (без или со помош на хемиски материи)
-утрото да појадуваат, а пред испитот да земат неколку коцки чоколадо
-да не носат со себе книги, белешки и други помагала кои ќе ги вознемируваат повеќе, освен ако носењето на книгите не е дел од ритуал кој ги смирува пред испитот
– на испит можат да понесат некој предмет кој им е мил и кој ги смирува во стресни ситуации (но е прифатлив за во амфитеатар, на пр. привезок од крзно, „добитното“ пенкало и сл.)
-да џвакаат мастика
– пред и за време на испитот да пијат вода