• Slika 1Важност на емоциите и нивна физиолошка основа

         Зборот емоција потекнува од латинскиот збор emovere што во буквален превод значи „да се движи“. Емоциите претставуваат основа на биолошкото постоење. Тие ни сигнализираат кога некоја од биолошките потреби не е задоволена, што доведува до појава на низа негативни емоции вклучувајќи гнев, страв, разочарување и анксиозност.

         Кога надворешен стумул ќе се прими преку едно од петте сетила, сигналот минува низ таламусот и се „преведува“ во хемиски сигнален молекул. Најголемиот дел од сигналите се насочуваат кон мозочниот дел кој што е одговорен за рационалното размислување.

         Ако стимулот инволвира емоција, сигналот се препраќа до амигдалата, мозочниот емоционален центар. Но, во исто време сигналот преминува и до рационалните ареи од мозочната кора каде што се процесира пред мозокот да има шанса когнитивно да реагира на сигналот. Со други зборови, доволно силен надворешен стимул од нашите сетила поттикнува емоцинална реакција уште пред да бидеме свесни за тоа како ние треба да реагираме на неа.

  • Што е емоционална интелигенција (ЕИ) ?

         Фактот дека постојат многу начини за да се дефинира емоционалната интелигенција го усложнува давањето на една точна униформна дефиниција. Засега најдобро прифатената дефиниција која што ја разгледува ЕИ од различни аспекти вели дека: емоционална интелигенција е способност да се биде свесен за своите емоции и емоциите на другите. Потоа тоа знаење може да се искористи за поуспешно изразување и доживување на емоциите со цел да се доживее балансиран живот, наместо живот исполнет со препреки и фрустрации. Со други зборови, емоционалната интелегенција е поинаков начин да се биде паметен!

         Луѓето со висока ЕИ ги користитат емоциите како алатка која што им помага да ги отстранат емоционалните препреки кои што имаат тенденција да ги попречуваат во постигнувањето на еден балансиран живот. Тие разбираат како другите се чувствуваат и која е причината за таа нивна емоционална состојба. ЕИ исто значи и дека сме мотивирани и остануваме полни со надеж и оптимизам дури и кога доживуваме неуспех на патот до некоја цел.

         До пред стотина години разбирирањето на интелигенцијта било стриктно поврзано со когнитивните функции како меморијата, учењето и вниманието; се до почетокот на 1900-тите кога научниците почнале да се сомневаат и на не-когнитивниот аспект на интелигенцијата кој исто така постои.

         Емоционалната интелигенција е релативно нов предмет на истражување, чии корени потекнуваат од времето на Дарвин, кој ја позиционирал емоционалната експресија како есенцијален дел од преживувањето на човекот.

                  Петте домени на Големан

         Двајцата психолози Соловеј и Мајер се првите кои го употребиле терминот емоционална интелигенција во 1990 година, за да во 1995 година Даниел Големан го популаризира преку неговата книга „Емоционална Интелигенција: Зошто е поважна од IQ“. Оваа книга предизвикала голем интерес од две причини кои што Големан ги истакнува како нешто што претходно не било ниту споменато :
• Емоционалната интелигенција може да е поважна за личниот успех од IQ;
• За разлика од IQ , емоционалната интелигенција може да се надогради.
Овие постулати предизвикале голем интерес и биле главна тема кај луѓето кои работеле со личен развој.

         Во својата втора книга Д. Големан успеал да идентификува 5 домени на емоционалната интелигенција. Овие пет домени на Големан кои што го презентираат EИ станале главен стандард во примената на емоционалната интелигенција.

          Бизнис-ориентиран модел на Големан

         Многу бизнис-ориентирани модели ги презентираат овие пет домени во четири квадрати: два кои го претставуваат личниот (спознавање на сопствените емоции, управување со емоциите, само-мотивација) и два кои претставуваат социјалниот дел (препознавање и разбирање на емоциите на другите и умеење на одржување на меѓусебни односи).

         За разлика од познатите IQ тестови, сеуште не постои едноставен тест кој ќе даде резултат за емоционалната интелигенција. Иако постои темелно истражување на секоја од компонентите на емоционална интелигенција, некои од нив, како што е емпатијата, најточно се проверуваат со набљудување на човечките способности на дело, на пример туѓите чувства се препознаваат по изразот на лицето.

         Луѓето се соочуваат со предизвикот на емоционална интелигенција со разни предности и слабости. Додека на некој им е лесно да развијат самосвесност и емпатија, на други им е тешко ја препознаваат потребата. За среќа, емоционалната интелигенција (како и емоционалната еластичност) е нешто што може да се негува и развива. Сите имаме способност да научиме како подобро да раководиме со емоциите како и да го подобриме нашето психичко, физичко и социјално здравје.